Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Latest Episodes
Четврток, 30 Април
Тик Так и Зорка ова утро ја решаваа мистеријата за бројките на личната карта, но не успеавме, иако завршивме со неколку теории. Постојат ли машки и женски пиперки? И дали би пробале млеко од бубашваби? Што пропуштивте ова утро преслушајте овде
Среда, 29 Април
Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за влијанието на позитивната и негативната енергија во секојдневието, за улогата на социјалните мрежи во тоа како се чувствуваме, како и за поуката од приказната со волкот и овчарот. Споделија и дел од честитки...
Понеделник, 27 Април
Ова утро Тик Так и Зорка отворија три интересни теми – како предметите во домот добиваат „втор живот“, колку љубомората е дел од нашиот менталитет и дали жените или мажите се пољубоморни, како и што носи влегувањето на Уран во Близнаци и новиот...
Понеделник, 20 Април
Ова утро Тик Так и Зорка отворија понеделнички муабети со актуелните дојави за бомби во трговски центри, необичен план за пензионирање што звучи предобро за да е вистина и вечната дилема – кој е позлобен во одмаздите, мажите или жените. Дополни...