Тик Так и Зорка

Петок, 19 јуни

Тик Так и Зорка Season 1 Episode 34

Send us a text

Tик Так и Зорка утринава петочки расправаат за ситуацијата со недвижнини во Скопје. Зошто како таргет група Тик Так добива понуда од 50 м2, а Зорка 29м2? И за каква намена е тераса од 1 м2?
Тик Так е пред времето и бара стан од 29м2 со хелиопад. Од родендените издвојуваме - дали ќе се најде јунак кој ќе го осигура гласот на Зорка и дали може да добиеме перика како косата на Доналд Трамп.
За крај, не се само Американците креативни со имињата на ураганите. И ние си имаме наши кластери и креативен начин за именување на истите!

Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.