
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Понеделник 22 Јуни
Денот го започнавме со навраќање на минатото кога во училиште се учеше домаќинство и бевме тепани со лењирче по рацете. Слушатели се жалат на телефонски оператори кои издаваат само електронски сметки на мејл, а старите не знаат како да користат мејл. Има логика!
На тема корона, ги дефинираме двете категории на луѓе- екстремно претпазливи и оние на кои баш им е гајле за се. Зошто не можеме да направиме златна средина?
Слатко, зимници, сокови.... се прават ли сеуште? Се служи ли слатко кога одите на гости? Дали сеуште некој ја практикува оваа традиција?
Плус, три интересни родендени. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.