Тик Так и Зорка

Петок, 26 јуни

June 26, 2020 Тик Так и Зорка Season 1 Episode 39
Тик Так и Зорка
Петок, 26 јуни
Show Notes

Петочно, 5 родендени, првиот е на Стефчо од Босилово, баравме дел за фичо, за караконџулата на Тик Так. 

Потоа ја баравме и Ирена, па покрај честитката, ни ја разреши и мистерија како да препознаеш лажен од вистински мед.

Од денес, и внатрешните делови на кафаните се отворени, а Зорка запнала за певаљка па дебатираме како да се организираат луѓево ем да се ужива во жива музика ем во вкусна храна.

Се што пропушти, сумирано во 30 минути!