Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Тик Так и Зорка
Среда, 13 мај
Use Left/Right to seek, Home/End to jump to start or end. Hold shift to jump forward or backward.
Ова утро Тик Так и Зорка отворија навидум различни, а всушност многу поврзани теми – од тоа како волкот од „Козле“ стана симбол за „луксузен комшилук“ и шегите дека му ја кренал цената на квадратот во населбата, до пораките што наставниците ги добиваат од родители и границата меѓу грижа и претерување. Се потсетивме и на најгледаната ТВ серија на сите времиња, но и зборувавме колку е важно човек да остане свој и да ја негува сопствената автентичност, без постојано да се вклопува во туѓи очекувања.
Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.