
Monika Zec Audio Blog
Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!
Monika Zec Audio Blog
Постпартум и пораѓај
Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката.
Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на социјалните медиуми имаме една замисла за мајчинството и како целиот тој период изгледа, но кога ќе се соочиме со реалноста често сфаќаме дека не е се така розово како што сме очекувале.
Но баш тоа шаренило е она кое ќе не доведе до поголема зрелост, ќе не направи да бидеме онаа мајка што на нашето дете му е потребна.