
Monika Zec Audio Blog
Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!
Monika Zec Audio Blog
Поставување на цели за годината која престои
Поставувањето цели за секоја нова година е како ритуал за мене, нешто што го негувам веќе неколку години. Овој процес не е само обична задача, туку момент за размислување, планирање и креирање визија за годината што претстои.
Поставување на цели, заедно со креирање на vision board е нешто што мене ми дава смисла и насока, јаснотија за тоа што навистина сакам да постигнам, но и чувство на контрола врз патот по кој се движам.
Целите не се само листа на желби; тие се алатка што ми помага свесно да го креирам мојот животот каков што јас го посакувам. Во оваа епизода, ќе зборувам токму за тоа – за важноста на поставувањето цели, како тоа може да ве инспирира и како да го направите процесот уште поефективен.