
Monika Zec Audio Blog
Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот.Благодарна сум што си тука!На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој.Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!
Monika Zec Audio Blog
Baby Led Weaning со мајката Ката
Во нашата земја сметам дека постои огромен проблем со децата и храната и е нужно потребно се повеќе и повеќе да се зборува на оваа тема се со цел да се едуцираат се повеќе и повеќе мајки.
Ова е еден од оние проблеми коишто е клучно да се решат според мене за доброто на детето, а и на мајката. Сметам дека не е хумано и не е фер мајката секој ден да поминува низ толку голем стрес и грижа дали детето е јадено или не.
Но според моето искуство главен причинител за овој проблем е стравот, стравот од непознатото, имагинарниот страв. Имено ние мајките мислам дека сме професионалци кога станува збор за замислување на најлошото сценарио за нашите деца 😊 и што се лошо може да се случи, а да бидеме искрени ништо од тоа не се случува речиси никогаш.
Затоа и главен аспект на оваа епизода е целиот тој страв и како постепено да се премине од блендирана кон поцврста храна.
Затоа се надевам дека преку оваа епизода ќе можеме да ве охрабриме, да ви кажеме што е она што се случува позади целиот тој процес, се со цел да се соочите со тој страв и да го надминета истиот. Зашто ако едно нешто сфатив, тоа е дека апсолутно не е фер мојот страв да и го наметнувам на ќерка ми. Не е фер поради мојот страв она да не расте и се развива соодветно како што она сака.
И запомнете, ова мислам дека е најбитно од се, многу е полесно да се надмине било каков проблем додека детето е помало отколку кога детето ќе порасне. Затоа што, што порано се реши проблемот тоа полесно 😊.
Игнорирање само ја продлабочува тежината на истиот.